Фернандо Капарсо, градоначалникот на планинското италијанско гратче Пачентро, ја потврди информацијата дека поп кралицата Мадона ќе подари стотици илјади долари на областа Абруцо, настрадана на 6 април од катастрофалниот земјотрес, пренесоа американските медиуми.
Капарсо разговарал со менаџерот на Мадона и дознал дека пеачката ќе подари 500.000 долари за луѓето и местата што се најтешко зафатени од земјотресот.
Италијанските медиуми вчера ја споменаа сумата од 750.000 долари, кои Мадона има намера да го подари.
Портпаролката на Мадона, Лиз Розенбер изјави дека пеачката на Абруцо ќе му подари значителна сума пари.
Мадона има италијански корени. Баба и и дедо и се родени во гратчето Пачентро, кое се наоѓа на околу 100 километри од Аквила. Во потресот во понеделникот на гратчето не му беа нанесени сериозни материјални штети.